Дискретно освежување за Dacia Duster – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Дискретно освежување за Dacia Duster

Кросоверот Duster го доби првиот третман на подмладување по три години од започнувањето на неговото производство.

Измените се дискретни и опфаќаат само неколку елементи од автомобилот. Најзабележливи е предните LED светла и решетка, кои сега изгледаат многу помодерно и поскладно од претходно. Тука се и нови кровни шини, како и 16-инчни Dark Metal фелни со пневматици за кал и снег.

Dacia-Duster-facelift-5[4]

Задниот дел на Duster е опремен со редизајнирани светла и украсен со неколку елементи од хром, поточно издувната цевка и новите назнаки. Dacia не објави фотографии од ентериерот, но тука се очекуваат поголеми измени, како навигационен систем со екран на допир и поквалитетни материјали.

Повеќе детали ќе бидат објавени на неговото јавно дебитирање на автомобилскиот саем во Франкфурт, кој ќе започне за неколку дена.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.