Освежената Opel Insignia OPC подготвена за Франкфурт! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежената Opel Insignia OPC подготвена за Франкфурт!

Opel официјално ја претстави најмоќната верзија на моделот Insignia пред нејзината официјална премиера на автомобилскиот саем во Франкфурт.

Најважните работи кај Insignia OPC остануваат исти – под поклопецот сеуште се крие турбо-хранетиот 2.8-литарски V6 кој испорачува 325 коњски сили и 435 Nm вртежен момент. Оваа сила се испорачува преку 6-степен мануелен менувач кон сите четири тркала. Благодарение на моторот и преносот, Insignia OPC забрзува до 100 километри на час за 6 секунди (или 6.3 секунди ако ја изберете караванската изведба со ознаката Sport Tourer) и забрзува се до 250 километри на час во стандардната верзија, или 270 километри на час ако ја изберете верзијата со отстранети граничници.

Новата Insignia OPC има малку изменети предни и задни светлосни структури, како и нова предна маска, но најважните промени се под „кожата“. Задната оска е значително изменета, каде инженерите на Opel модификувале околу 60 проценти од компонентите. Истовремено, поработено е и на амортизерите и FlexRide софтверот, како и ESP софтверот. Благодарение на сите овие измени, Opel најавува дека новата Insignia OPC е позабавна за возење.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.