Новиот Lexus IS пристигна во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Lexus IS пристигна во Македонија!

Новиот „борец“ на Lexus пристигна во Македонија, поготвен со модерен дизајн и многу модерна технологија да се соочи со конкуренцијата!

Во моментов во понудата се наоѓаат две опции – едниот е „обичниот“ Lexus IS250 кој благодарение на 2.5-литарскиот V6 испорачува 207 коњски сили и 250 Nm, а другата опција е хибридниот Lexus IS300h кој нуди 2.5 литарски атмосферски бензинец и електромотор – заедно испорачуваат 220 коњски сили а ветуваат екстремно ниска потрошувачка од 4.2 литри на 100 километри и рекордно ниска емисија на штетни гасови од само 99 грама CO2 на изминат километар.

Интересно, хибридната опција чини помалку од соодветно опремениот класичен IS250. Lexus IS250 започнува од 39.500 евра, додека хибридниот IS300h започнува од 38.500 евра. Ако земеме во предвид дека хибридната опција нуди скоро идентични перформанси а пониска потрошувачка, како и можност за возење исклучиво на струја, тогаш веќе одлуката би требало да биде навистина лесна. Секако, бидејќи се работи за Lexus опремата е повеќе од богата и технофилите ќе можат со денови да се занимаваат со сите „играчки“ кои Lexus IS ги нуди. Официјалната презентација е закажана за во многу блиска иднина, а ние се надеваме дека ќе имаме шанса да седнеме зад воланот на овој интересен Јапонец.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.