WRC Германија: Прва победа на Дани Сордо оваа сезона! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC Германија: Прва победа на Дани Сордо оваа сезона!

Дани Сордо ја освои неговата прва победа во Светскиот Рели Шампионат по жестока битка со Тери Невил во Германија.

Двајцата го започнаа последниот ден само со 0.8 секунди разлика во борбата за највисокото место на подиумот. Сордо малку ја зголеми разликата така што го победи Невил за 2.2 секунди на првото возење на етапата Дронтал, на која се одржаа сите возења во неделата. Невил даде се од себе за да ја надомести таа предност на второто возење, но не успеа во тоа кога излетување во последните неколку километри го чинеше речиси минута.

Оваа битка беше најблиску што M-Sport има дојдено до рели победа откако ја загуби фабричката Ford поддршка при крајот на минатата година, и прв пат да некој друг освен Себастијан Лоеб освои победа со Citroen оваа сезона. Сордо досега освои 34 поени во неговата кариера без победа, и знаеше дека неговата иднина зависи од неговите способности во Германија, пред Citroen да го замени на следниот настан во Австралија, за да му даде нова шанса на Крис Меки. Сордо и Невил се издигнаа на табелата откако двата Volkswagen-и имаа несреќи додека водеа.

AUTOMOBILE: Rally du Allemagne - WRC -21/07/2013

Лидерот на шампионатот, Себастијан Ожие изгледаше спремен да се оддалечи напред откако постави најбрзи времиња на вечерните возења на етапите во Четвртокот, но претрпе судир во петочното утро. Ова го остави неговиот тимски колега Јари-Мати Латвала со мало водство пред Невил.

Токму кога Невил изгледаше немоќен да го превземе водството, Латвала се подобри и почна да се одвојува од останатите, но го оштети неговиот автомобил на 12-тата етапа. Тој се извлече од судирот, и сеуште возеше, но претрпе проблеми со совозачката врата, која испадна од автомобилот во саботата попладнето. Невил се судри на истото место, оштетувајќи го издувниот систем на неговиот Ford и дозволувајќи му на Сордо да го превземе водството пред финалниот ден.

AUTOMOBILE: Rally du Allemagne - WRC -21/07/2013

Ова беше најлошо рели досега за Volkswagen. Уште пред несреќите на Ожие и Латвала, VW беше со еден автомобил помалку бидејќи совозачот на Андреас Микелсен го повреди грбот пред релито. Сите три колеги од M-Sport на Невил, Мадс Остберг, Евгени Новиков и Насер Ал-Атија претрпеа судири и завршија под Rally2. Ова му овозможи второ досега најдобро четврто место во кариерата на Мартин Прокоп.

Исто така неверојатнатабитка за водство во WRC2 класата ги издигна Роберт Кубица и Елфин Еванс во најдобрите пет. Кубица имаше рано водство, пред тоа четири пати да се измени во саботата. Импресивното возење на првата етапа во саботата конечно дојде во прилог на Кубица, така што го издигна на првата позиција во WRC2 Шампионатот.

Ожие не успеа да се врати во првите 10, но сепак зема три поени со победа на Power стазата.

Конечна табела од Рели Германија:

Поз.  Возач               Тим/Автомобил     Време/Разлика
 1.   Дани Сордо          Citroen           3h15m19.4s
 2.   Тери Невил          M-Sport Ford          +53.0s
 3.   Мико Хирвонен       Citroen             +2m36.1s
 4.   Мартин Прокоп       Czech Ford          +8m00.8s
 5.   Роберт Кубица       PH Citroen          +9m01.3s*
 6.   Елфин Еванс         M-Sport Ford        +9m14.2s*
 7.   Јари-Мати Латвала   VW                  +9m55.0s
 8.   Хејден Падон        ASM Skoda          +13m01.2s*
 9.   Мадс Остберг        M-Sport Ford       +13m28.1s
10.   Евгени Новиков      M-Sport Ford       +15m17.9s


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.