Ogier победи на Neste Oil Rally Finland! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ogier победи на Neste Oil Rally Finland!

Младиот возач на Volkswagen победи на релито во Финска, а со тоа го зголеми своето водство во генералниот пласман!

Французинот без потешкотии ги поминаа последните делници со водство од 36.6 секунди зад воланот на своето Volkswagen Polo R. Ова беше негова петта победа оваа сезона. Зад него се најде Thierry Neuville во неговата Fiesta RS. Подиумот го комплетираше Mads Ostberg, исто така во Fiesta RS, кој заврши 21 секунда зад Neuville. Neuville имаше добар викенд, и заработи три екстра поени со поставување на најдобро време на Power Stage делницата. Екстра поени на Power Stage заработија и Ogier, како и Jari-Matti Latvala кој мораше да се повлече.

Во моментов, во убедливо и најверојатно недостижно водство во генералниот пласман се наоѓа Ogier со 181 поен. На второто место, далеку зад него со 91 поен се наоѓа Jari-Matti Latvala. Третото место, исто така со 91 поен му припаѓа на Thiery Neuville. Кај конструкторите, во водство е Volkswagen Motorsport со 251 поен, а зад нив се наоѓа Citroen Total Abu Dhabi World Rally Team со 296 поени.

130622_win

Импресивен е успехот на Volkswagen кој го постигнаа за неполна сезона. Пред почетокот на сезоната официјалните претставници на Volkswagen Motorsport изјавија дека воопшто нема да атакуваат на титула оваа сезона, туку дека од следната се надеваат на посериозен успех, но по сé изгледа дека одличниот тим, квалитетните возачи и доверливите возила си го направија своето.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.