Renault го претстави новиот тркачки модел Clio Cup – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го претстави новиот тркачки модел Clio Cup

Францускиот бренд ја претстави најтврдокорната верзија досега од Clio RS, наменета само за возење по тркачките патеки.

Clio Cup доаѓа со вграден заштитен кафез, поцврста шасија и аеродинамички додатоци кои му овозможуваат подобро управување при високи брзини. Имено, задниот спојлер создава околу 40 кг потисна сила при брзина од 193 км/ч, додека отворот за воздух на кровот ја подобрува вентилацијата во кабината.

Renault-Clio-Cup-2[4]

Новиот Clio Cup е погонуван од 1.6-литарски агрегат со турбополнач и испорачува 220 кс и константен вртежен момент од 270 Nm. Погонската единица е усогласена со шест-степена секвенцијална трансмисија која менува степени на пренос за само 100 милисекунди. Автомобилот сериски е опремен со класична менувачка палка, а како опција понудени се и палки позади воланот.

Автомобилот е поставен на целосно прилагодлива суспензија, дозволувајќи им на тимовите да го сетираат автомобилот според различни услови и стилови на возење. Силата на сопирање доаѓа од вентилирачки дискови со дијаметар од 320mm опремени со четири клипни Brembo клешти напред и 260mm дискови позади.

Renault-Clio-Cup-4[4]

Ентериерот на Clio Cup содржи инструмент табла дизајнирана од Cosworth Electronics со екран во боја, кој ги прикажува сите мерачи, а исто така и важни податоци за возачот, како најбрз круг, разлика во време, поставеност на патеката итн. Тука е и мултифункционален волан со седум копчиња кои служат за повеќе функции.

Тркачкиот Clio Cup се произведува во Alpine фабриката на Renault во Диеп и се испорачува подготвен за трка.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.