Еден сопственик и обожувател на моделите на Opel решил да направи импресивно видео за својата Opel Corsa OPC!
Christoph Ornau е млад сопственик на Opel Corsa OPC и толку е заљубен во својот автомобил што решил да направи едно одлично видео за него. Колку за потсетување, под поклопецот на моторот се крие 1.6-литарски турбо-бензински мотор кој испорачува 192 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час трае 7.2 секунди, а максималната брзина изнесува 225 километри на час.