Возачот на Mercedes во Formula 1 помина малку време зад воланот на новиот бејби-AMG!
За волја на вистината, најмалиот AMG може да се пофали со одлични перформанси – под поклопецот на моторот се крие најмоќниот сериски, 2-литарски мотор кој испорачува 360 коњски сили. Благодарение на овие коњи, A45 AMG може да забрза до 100 километри на час за 4.6 секунди! Перформансите не се како во F1, но сепак ова е најбрзиот хечбек во светот!
Ние веќе ја возевме „обичната“ верзија на новата A-Class, но неодамна имавме можност да го возиме и моделот CLA – чија AMG верзија исто така се појавува во ова кратко, но слатко видео. Уживајте!