Mark Webber ја напушта Formula 1 на крајот на сезоната – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mark Webber ја напушта Formula 1 на крајот на сезоната

Возачот на Red Bull најави дека на крајот на оваа сезона ќе го напушти циркусот наречен Formula 1. Тој потпиша договор со Porsche да вози на Le Mans.

Mark Webber ќе ја заврши својата F1 кариера на крајот на оваа сезона – тој ќе му се придружи на Porsche и нивната нова спортска програма. Ќе се натпреварува во World Endurace Шампионатот како и 24 Часа Ле Ман.

Webber беше во Ф1 веќе 12 години. Има забележано девет победи и уште 27 подиумски финиши, како и 11 пол позиции. Тој изјави дека му е укажана голема чест при приклучувањето кон Porsche во највисоката кагегорија на Le Mans како и World Endurance Championship и дека му е голема чест што е дел од тимот. Според него, Porsche има напишано голем дел од тркачката историја и застапува исклучителна технологија и перформанси на највисоко ниво. Тој со нетрпение чека да го управува едно од најбрзите спортски возила во светот.

Останува да видиме кој ќе го замени Mark Webber во Formula 1. Се шпекулира дека Kimi Raikkonen е првиот избор, но и дека Jenson Button е во игра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.