Citroën влегува во FIA WTCC со Sébastien Loeb! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Citroën влегува во FIA WTCC со Sébastien Loeb!

По феноменално успешната кариера во Светскиот Рели Шампионат, летечкиот французин и Citroen ќе си ја пробаат среќата во WTCC!

Citroen го најави можниот влез во WTCC уште на минатогодишниот саем на автомобили во Париз, а сега тоа и официјално го потврди. Од 2014 францускиот тим, заедно со Sebastien Loeb ќе се натпреваруваат во WTCC!

Ова ќе биде прв настап на Citroen на ваков тркачки настан, односно на кружни трки. Citroen го смета моторспортот за техничка лабораторија, и смета дека ваквиот напредок е од исклучителна важност за брендот и производите. Покрај тоа, тие се определени кон понатамошна соработка со повеќекратниот шампион, и се подготвени за нови предизвици со кои заеднички ќе се соочат. Сеуште нема информации околу автомобилот со кој ќе се натпреваруваат, но ние претпоставуваме дека тоа ќе биде Citroen DS4 – чија сериска верзија ние веќе ја возевме.

Претседателот на Citroen – Frederic Banzet – изјави дека влегувањето на Citroen во WTCC е настан кој тие го разгледувале подолго време, и дека им се допаѓаат неколку аспекти од шампионатот, меѓу кои медиумската покриеност, правила кои ги намалуваат трошоците, како и глобалната присатност на трките. Покрај можноста да ја промовираат својата технологија, ќе имаат шанса да го промовираат својот бренд на растечки пазари, како што се Кина, Јужна Америка и Русија. Истовремено, господинот Banzet се заблагодари и на Total, долгогодишниот партнер на Citroen, кој ќе биде инволвиран и во овој предизвик.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.