TVR е реактивиран, во развој е нов автомобил – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

TVR е реактивиран, во развој е нов автомобил

TVR неодамна ја освежи нивната интернет страна со слика на којa пишува ,,Никогаш не вели никогаш”, а најновите извештаи кажуваат дека брендот е купен од нов газда и се подготвува да лансира нов модел.

Автомобилите TVR беа препозатливи по нивниот екстравагантен и небичен дизајн со заоблени форми и долга хауба, а нивната гама на бои содржеше уникатни перла комбинации. Ова ги прави навистина интересна појава на улиците и доколку покрај вас помине еден речиси невозможно е да не го приметите. А сега, по неколкугодишната пауза, повторно ќе почнат да излегуваат нови спортисти од нивната фабрика.

autowp.ru_tvr_tuscan_2

Британскиот бренд подготвува лесен и многу моќен спортски автомобил, кој ќе биде подеднакво брз и ќе чини половина од цената на конкурентните модели од Ferrari. Последниот пат кога TVR беше активен тие планираа да користат 6.2-литарски V8 агрегат со потекло од General Motors, кој произведуваше 426кс и 569 Nm максимален вртежен момент.

Меѓу сопствениците на TVR се вбројува и младиот Николај Смоленски, син на познат руски бизнисмен. Младиот Смоленски покрај многуте други бизниси, имаше и банка токму во Македонија, па неретко можевме да го видиме низ Скопските улици возејќи некој модел на TVR.

Пошироко објаснување ќе биде објавено во текот на наредните две седмици, затоа останете со нас за детали.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.