Renault Twin’Run Concept – Џебна ракета со 320 кс! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Twin’Run Concept – Џебна ракета со 320 кс!

Renault ја искориски шестата трка од календарот на Формула 1 за да го претстави екстремниот Twin’Run концепт, кој прикажува како ќе изгледа наследникот на Twingo.

Двоседот претставува поспортска три-вратна верзија на електричниот Twin’Z. Но додека Twin’Z ги нагласува урбаните атрибути на идниот градски автомобил на Renault, Twin’Run ја истакнува неговата динамика и влече инспирација од класичните тркачки автомобили Renault 5 Turbo и Clio V6.

Новиот концепт има средно поставен 3.5-литарски V6 агрегат преземен од тркачниот модел Megane Trophy. Усогласен со шест-степен секвенцијален менувач со диференцијал со ограничено пролизгување, моторот испорачува 320 кс при 6,800 вртежи и 380 Nm максимален вртежен момент при 4,850 вртежи во минута.

Renault-TwinRun-Concept-43[2]

Забрзувањето од 0-100 км/ч трае 4.5 секунди, a максималната брзина е 250 км/ч. Додадете ја на ова ниската тежина од само 950 килограми и распределбата на тежина од 43/57 (напред/назад), и веднаш ви станува јасно за каков автомобил се работи.

Twin’Run е 3.68 метри долг, 1.75 метри широк и 1.48 метри висок, а вози на 18-инчни алуминиумски фелни. Неговата ниска тежина е овозможена благодарение на панелите направени од фиберглас и тубуларната шасија, додека кровот, предниот сплитер, лаковите од тркалата и задниот дифузер се направени од јаглеродни влакна.

Renault-TwinRun-Concept-47[2]

Одвоен од моторниот простор со панел од плексиглас, ентериерот е опремен со седишта во вид на кади, тркачки волан, рачна кочница и алуминиумски педали. Еден 5.5-инчен LCD екран позициониран позади воланот ги прикажува брзината, степенот на возење и вртежите на моторот,а исто така и притисокот на горивото, притисокот на спојката и притисокот на маслото.

Моментално нема информации дали Twin’Run ќе прерасне во нешто повеќе од само концепт, но ние мислите дека оваа студија е навистина одлична идеја и се надеваме дека Renault ќе произведе барем ограничен број на примероци од него.

Поврзано:   ТЕСТ: Renault Megane E-Tech EV60 Iconic - Megane за новите времиња



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.