Вака ќе изгледа новата S-класа од Mercedes – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вака ќе изгледа новата S-класа од Mercedes

Само една недела пред неговата официјална презентација, откриен е изгледот на најлуксузниот модел на Mercedes-Benz преку модел во размер 1:18 и протечени фотографии од внатрешноста.

За разлика од првата официјална фотографија, која го прикажува автомобилот во спортска изведба, ова е стандардниот модел без спортски додатоци. Колку што можеме да забележиме од овие фотографии, дизајнот на новата S-класа е составен од благо заоблени линии и плени со елеганција и луксуз – токму тоа што се бара од автомобил во оваа класа.

Покрај тоа, благодарение на протечени слики од ентериерот, можеме да го видиме и неговиот конечен дизајн и раскош. Тука доминираат заоблени линии, кои придонесуваат за уште попријатна атмосфера, а секој елемент изгледа како да се претопува во друг. Дрвениот финиш на контролната табла во иста форма продолжува и на вратите, формирајќи многу приметливо завиткување, кое го подобрува чувството на простор во внатрешноста.

Моделот исто така располага со 12.3-инчен дисплеј, наместо вообичаените аналогни бројчаници, кои целосно ги заменува, а тука е и целосно прилагодување на седиштата со многу функции.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.