Најава за BMW Gran Lusso Coupe дизајнирано од Pininfarina – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најава за BMW Gran Lusso Coupe дизајнирано од Pininfarina

Легендарната италијанска дизајнерска куќа и германскиот производител на луксузни автомобили најавија заеднички проект кој ќе биде презентиран на 24ти Мај.

Купето под поклопецот ќе крие голем V12 мотор и ќе ги следи стапките на прекрасното BMW Z4 Zagato Coupe. Според официјалните најави, новото големо купе би требало да го задржи вниманието на набљудувачот благодарение на италијанската ексклузивност и модерните финеси. Дарежливите површини заедно со затегнатите линии во комбинација со класичните пропорции на едно BMW му даваат на Pininfarina Coupe авторитативна динамика пред тркалата воопшто да се завртат – велат од Pininfarina и BMW.

Нам концептните фотографии ни изгледаат интересно – со нетрпение ја очекуваме официјалната презентација.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.