Започна 50 јубилејниот Grand Tour конвој на Lamborghini – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Започна 50 јубилејниот Grand Tour конвој на Lamborghini

Lamborghini ја слави неговата 50 годишнина со конвој од 350 суперавтомобили кои возат од Милано до базата на компанијата во Сант’Агата-Болоњезе.

Конвојот се протега во должина од скоро пет километри и располага со вкупно над 190,000 коњски сили. Еден во секои четири автомобили е историски модел. Тука спаѓаат три 350 GT, седумнаесет Miura, осум Espada, две Jarama, шест Urraco, петнаесет Countach, еден LM002, 21 Diablo и 36 Murcielago модели. Најчестиот автомобил во турнејата е најпродаваниот автомобил на Lamborghini – Gallardo, со 123 учеснички автомобили.

Lamborghini-те од Велика Британија се мнозинство кај учесниците, со 71 учесник во турнејата. Италија, Германија и Швајцарија имаат по околу 30 автомобили, додека 21 автомобил се донесени од САД, и 17 од Кина. Останатите странски автомобили доаѓаат од Австралија, Канада, Индонезија, Јапонија, Кувајт, Лебанон, Нов Зеланд, Сингапур, Јужна Кореа, Тајван и Украина. Најмладиот учесник во Grand Tour конвојот е 22 годишник од Кувајт, додека најстариот е 75 годишен Француски државјанин.

Турнејата трае од 8-ми до 11-ти Мај и се протега по пат во должина од 1200 километри, кој поминува низ Милано, Рим и Болоња, пред да заврши со голема прослава во Сант’Агата-Болоњезе.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.