ПРЕМИЕРА: Lamborghini Urus SE е плаг-ин хибриден супер-SUV со 800 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Lamborghini Urus SE е плаг-ин хибриден супер-SUV со 800 коњски сили!

Најмоќниот Urus досега комбинира 4-литарски твин-турбо V8 со батерија и електромотор за да располага со вкупно 800 коњски сили и да катапултира до 100 километри на час за само 3.4 секунди!

Моќниот 4-литарски твин-турбо V8 кој веќе се вградува во Urus е оптимизиран за работи заедно со електричниот погон. Само бензинскиот мотор испорачува 620 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, додека електромоторот испорачува дополинтелни 192 коњски сили и 483 Nm вртежен момент. Електромоторот се напојува до батерија со капацитет од 25.9 kWh, а заедно овозможуваат автономија од повеќе од 60 километри на електрична енергија.

Но не сме тука да зборуваме за возење на струја. Тука сме да зборуваме за перформансите. Urus SE е најмоќниот Urus досега и располага со 800 коњски сили и 950 Nm вртежен момент. Сето тоа резултира со катапултирање до 100 километри на час за 3.4 секунди, до 200 километри на час за 11.2 секудни. Максималната брзина е „само“ 312 километри на час.

Urus SE добива и неколку козметички и технолошки надградби. Забележуваме редизајниран преден поклопец и редизајниран преден браник со поголема решетка и нови LED светла. Тука е ревидираниот заден дел со црн дел кој ги спојува задните светла. Според Lamborghini, ова е за да се постави директна врска меѓу Urus и тековните супер-автомобили на италијанскиот бренд. Urus SE е поставен на огромни 23-инчни тркала, обвиени во P Zero пневматици развиени во соработка со Pirelli.

Кабината добива нов, 12.3-инчен инфозабавен уред и нови отвори за уредот за вентилација. Препознаваме и редизајнирани седишта и некои нови материјали. Urus SE е веќе достапен за нарачка.

Поврзано:   Грамофонот Technics SL-1200M7B е направен во соработка со Lamborghini!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.