Официјално претставен Skoda Rapid Sport Concept – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално претставен Skoda Rapid Sport Concept

Skoda го изложи концептот Rapid Sport на најпопуларниот VW собир во Wörthersee, Австрија.

Најавен пред само неколку денови, концептот претставува спортска изведба од стандардниот Rapid, која изгледа како да е во секој момент подготвена за учество на некој тркачки шампионат. Автомобилот се одликува со двобојна каросерија и двобојни 19-инчни фелни, во мат сива и црвена боја, поклопец на моторот со отвори за вентилација, целосен бодикит и двојни издувни цевки.

Мораме да признаеме дека не можевме ни да замислиме дека еден Rapid може да изгледа толку добро и искрено се надеваме дека дизајнот на овој концепт ќе биде искористен кај vRS верзијата, доколку таа биде произведена.

Покрај Rapid Sport, на штандот на Чешкиот производител се изложени новата Octavia Combi со естетски додатоци како преден спојлер и елементи во сјајна црна боја, потоа Citigo Motorsport со специјален бодикит и 16-инчни фелни, Fabia vRS и Fabia S2000.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.