Себастијан Лоеб позади воланот на Martini Racing Porsche 911 GT3 Cup – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Себастијан Лоеб позади воланот на Martini Racing Porsche 911 GT3 Cup

Porsche и Martini ја оживејаа нивната долгогодишна врска по петгодишна пауза за повторна потера по титули.

Од првиот ден на легендарната соработка препознатливите линии на Martini Racing красеа Porsche 906 во 1968 и заедно ги освоија некои од најпосакуваните титули во мотоспортот, вклучувајќи бројни титули од Ле Ман 24 часа во време кое сега се смета за класичен период од мотоспортот.

Во чест на нивната 150 годишнина, Martini ќе испорача Porsche 911 GT3 Cup во Барселона на 12-ти Мај. Автомобилот ќе се натпреварува во Porsche Mobil 1 Supercup шампионатот и ќе биде возен од деветкратниот светски рели шампион Себастијан Лоеб. Лоеб ќе се натпреварува во првите две трки, додека неодреден втор возач ќе го превземе воланот на третата трка во Септември.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.