Грамофонот Technics SL-1200M7B е направен во соработка со Lamborghini! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Грамофонот Technics SL-1200M7B е направен во соработка со Lamborghini!

Брендираната верзија на диџејскиот грамофон Technics 1200MK7 дополнително доаѓа со плоча на која се снимени различни ноти на познатиот V12 на Lamborghini.

Дизајнот на грамофонот останува ист, но додаден е графички приказ со Y-тематиката на италијанскиот производител во принтови со црвена, жолта или зелена боја. Освен тоа, на долниот дел врз карбонската позадина гордо е поставено логото на Lamborghini.

Специјалната плоча што доаѓа со секој SL-1200M7B е нешто на кое дефинитивно не сме навикнати. На винилот се снимени V-12 звуците на моторот од шест Lamborghini модели: 400GT, Miura и Countach, Diablo, Murciélago и Revuelto.

Нема информации колку ќе чини ова специјално издание на грамофонот на Technics, ниту пак колку модели ќе бидат изработени. Ако се земе во предвид дека итерацијата MK7 врз која е направен чини нешто помалку од илјада евра, сигурни сме дека M7B ќе биде значително повеќе од тоа.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!