Lamborghini ги претстави специјалните All-Terrain верзии од веќе-лудиот Huracan Sterrato – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lamborghini ги претстави специјалните All-Terrain верзии од веќе-лудиот Huracan Sterrato

Италијанскиот производител планира да направи само 12 Sterrato All-Terrain возила, со четири различни дизајни.

Lamborghini на овогодишната Milan Design Week претстави ограничена серија на својот модел Huracan Sterrato наречена едноставно – All Terrain. Достапни се четири варијанти со уникатни комбинации на бои: Neve, Sabbia, Bosco и Terra. Покрај нив, сите возила имаат соодветен мат црн покрив како и мат црни елементи низ долниот дел на екстериерот.

Секое од 12-те возила е создадено во програмата Ad Personam на Lamborghini Centro Stile. Внатрешноста изобилува со елементи со темен хром, карбон, алкантара, уникатна Sterrato графика и плочка Ad Personam што го означува името на варијантата.

„Концептот Sterrato се покажа од моментот кога беше првпат претставен, поддржан не само со освоените награди, медиумите и клиентите, туку и од неговиот голем комерцијален успех во продажбата“, рече главниот комерцијален и маркетинг и директор на Lamborghini, Федерико Фоскини.

Како и по обичај со лимитираните верзии на Lamborghini, сите 12 возила се веќе продадени.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!