Volkswagen претстави три нови R-Line пакети за седмата генерација на Golf.
Првиот, R-Line пакетот за екстериер додава поспортски браници, сјајна црна решетка и заден спојлер. Тука се исто така и светла за магла. R-Line назнаки и заден дифузер во црна боја. Пакетот чини 995 евра кај Highline верзиите и 1180 евра кај Comfortline моделите.
R-Line пакетот за ентериер опфаќа двобојни спортски седишта, волан со зарамнето дно и детали од алуминиум во кабината. Покрај тоа, тука е и ново амбиентално осветлување и педали од не’рѓосувачки челик. Цените се движат од 640 до 2115 евра во зависност од тоа за кое ниво на опрема се работи и дали купувачот опционално сака Vienna кожа во внатрешноста.
Последниот, R-Line Sport пакет чини 430 евра и додава спортски прилагодена суспензија, подобрен управувачки систем и тонирани задни стакла.