Renault Twin’Z – Целосно електричен концепт со заден погон – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault Twin’Z – Целосно електричен концепт со заден погон

Откако претходно го најави, сега Renault го претстави новиот концепт Twin’Z направен во соработка со Британскиот дизајнер Рос Лавгроув.

Формата и дизајнот на Twin’Z претставуваат помалку спортска, но електрична, пет-вратна верзија од уловениот концепт TwinRun/TwinFun. Според Францускиот бренд, главна инспирација за дизајнот на Twin’Z се првата генерација на Twingo, како и многу продаваниот Renault5.

Тимот на Рос Лавгроув е заслужен за естетските модификации на концептот, почнувајќи од задните врати кои се отвараат во обратна насока од обичните, формата на браниците, боите на каросеријата, ентериерот, решетката, светлата, покривот со LED технологија, материјалите во внатрешноста се до 18-инчните алуминиумски фелни обвиени во специјално развиени Michelin пневматици со профил 205/40 R18.

Сепак, најголема разлика од TwinFun/TwinRun е електричниот погон. Twin’Z го придвижува задно поставен електричен мотор кој произведува 68кс и 226 Nm вртежен момент, поврзан со четири литиум-јонски батерии поставени под подот. Силата се испорачува кон задните тркала преку трансмисија со еден степен на пренос. Ова му овозможува на моделот опсег на возење до 160 км, како и максимална брзина од 130 км/ч.

Димензиите на Twin’Z се протегаат во 3,627mm должина, 1,705mm ширина и 1,506mm височина, што значи дека концептот е незначително поголем од сегашниот Twingo. Ова се должи и на поголемото меѓуоскино растојание за 70mm. Twin’Z е поставен на новата платформа, која Renault ја развива во соработка со Smart дивизијата на Mercedes-Benz, за да послужи како база за наредните ForTwo, ForFour и Twingo. Со користење на лесни материјали, успеано е да се задржи приближната тежина на Twingo од 980 kg, што е навистина импресивно за автомобил со електричен погон.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Renault 5 E-Tech е електричен Ренолуционер!

Претпоставуваме дека дизајнот на концептот Twin’Z го прикажува изгледот на наредното Twingo, кое ќе излезе на пазарот при крајот на следната година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.