Renault ја најавува новата дизајнерска насока со нов концепт – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault ја најавува новата дизајнерска насока со нов концепт

Францускиот производител ја најавува новата дизајнерска насока на брендот со концептот кој ќе го има своето деби на 8ми Април.

Концептот, за кој сеуште не го знаеме ни името, ја најавува соработката со Ross Lovegrove – индустриски дизајнер кој е познат по своите органски дизајни. Според луѓето од Renault, концептот го најавува „истражувањето на нови дизајн јазици“ кои би се користеле во блиска иднина. Со користење на ваквиот дизајн, намерата на Ross Lovegrove и неговото студио е да ги искористи природните дизајни и да ги пренесе во нов дизајнерски јазик за Renault.

Наскоро ќе знаеме повеќе, а во меѓувреме ни останува само да пробаме да ги „дешифрираме“ фотографиите кои веќе ги имаме. На насловната фотографија најверојатно го гледаме задниот дел на возилото, а на другите се гледаат светла за магла, како и тркалата на автомобилот. Дали ова е навестување за новото Twingo?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.