Први фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA 45 AMG со 360кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Први фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA 45 AMG со 360кс

Oва се првите официјални фотографии од новиот Mercedes-Benz CLA 45 AMG, кој ќе дебитира наредната недела во Њу Јорк.

Како што можеме да видиме екстериерот на AMG верзијата е скоро идентичен со оној на CLA 250 со исклучок на микроскопските измени кои би ги приметиле само најтврдокорните љубители на автомобилот. Тоа се малите црни додатоци на страничните отвори за воздух на предниот браник, како и црната боја со која се обоени предниот сплитер и дел од страничните прагови.

Mercedes-Benz веќе објави дека спортскиот купе-седан ќе биде придвижуван од истиот агрегат како A45 AMG, 2.0-литарскиот турбо бензинец со 360 кс и 450 Nm максимален вртежен момент, усогласен со менувач со двојна спојка и погон на сите четири тркала. На автомобилскиот саем во Женева, Германскиот производител објави дека забрзувањето од 0-100 км/ч трае 4.6 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.