Галерија на денот: Mercedes-Benz CLK63 AMG Black Series на ADV.1 фелни – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Галерија на денот: Mercedes-Benz CLK63 AMG Black Series на ADV.1 фелни

Германски “маслкар”, конкавни спортски фелни и извонредна фотографија се три работи кои звучат како одличен рецепт за прекрасна фотогалерија.

Токму тоа е резултатот од последната фотосесија објавена од компанијата за производство на суперлесни конкавни фелни ADV.1, каде што главната улога ја игра Mercedes-Benz CLK63 AMG Black Series, опремен со Kleeman аеродинамични делови и 19-инчни ADV10.1SL фелни.

Сјајната црна каросерија, затемнетите прозорци и фелните во металик сива боја го прават автомобилот да изгледа уште покрволочен од претходно. Што навистина е, со неговиот 6.2-литарски V8 агрегат кој развива 507 кс и 630 Nm максимален вртежен момент. Усогласен со седум-степената секвенцијална трансмисија му овозможува на моделот забрзување од 0-100 км/ч за  4.3 секунди на патот кон неговата електронски ограничена максимална брзина од 300 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.