Ова е ентериерот на новата S-Class на Mercedes – Benz! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ова е ентериерот на новата S-Class на Mercedes – Benz!

Ова се првите фотографии од ентериерот на новата S-Class на Mercedes-Benz. Знаменосецот на Mercedes секогаш бил предвесник на нови технологии и интересни иновации, но и пример за совршен луксуз.

Новата S-Class ќе ја носи интерната ознака W222, и ќе донесе многу новитети и иновации во автомобилите. Луѓето од Mercedes-Benz гордо го покажуваат својот талент, но и својата експертиза за ентериери. Според нивните најави, новиот S-Class ќе биде „најдобриот автомобил во светот“.

Во новиот знаменосец воопшто ќе нема традиционална инструментална табла, туку сето тоа ќе биде заменето со два дисплеи со дијагонала од 12.3 инчи. Едниот дисплеј ги покажува традиционалните инструменти, а другиот ќе се користи за мултимедијалните уреди, информации и забава. Патниците ќе можат да уживаат во „енергетизирачки“ масажи, вентилација во седиштата, греачи во седиштата, но и греачи во управувачот и потпирачите за раце. Вкупно 14 различни воздушни меури во задниот дел на седиштата ќе можат да понудат до 6 различни програми за масажа.

Новиот клима уред Mercedes го нарекува Thermotronic, и ќе нуди навистина многу опции за возачот и совозачот, за да можат да се возат во идеални услови. Покрај тоа, возачот ќе може да го користи системот за активна парфимизација на автомобилот и целосно да го прилагоди мирисот во автомобилот по неговите желби. Конечно нема да бидат потребни освежувачи во автомобилите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.