Пред дванаесет години, преработката на класичниот филм од 1947-ма “Gone in 60 seconds” прослави нова легенда на четири тркала, Mustang Eleanor.
Легендарниот Mustang Eleanor е базиран на Ford Mustang од 1967-ма година и беше создаден со цел да биде главен автомобил во филмот “Gone in 60 seconds” од 2000-та, каде во главните улоги играа Николас Кејџ и Анџелина Џоли. Главен виновник за неговиот уникатен дизајн е Американскиот дизајнер Чип Фус, сега познат по автомобилската емисија “Overhaulin”.
За потребите на филмот било планирано да се направат само 11 примероци, но поради неговата популарност многу автомобилски работилници почнале да произведуваат реплики од автомобилот, а едни од нив биле и специјалистите за спортски возила на Ford, Shelby.
Ова кратко видео снимено во HD резолуција и со прикладна музика во позадината, не потсеќа на карактерот на Eleanor, a исто така ова е еден од 15-те примероци произведени од Карол Шелби. Под неговиот поклопец се наоѓа 7.0-литарски V8 агрегат потпомогнат од компресор кој испорачува 650 коњски сили кон задните тркала – за да ги претвори во чад.