Освежување за знаменосецот на Skoda – моделот Superb! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Освежување за знаменосецот на Skoda – моделот Superb!

Најголемиот модел кој го произведува Чешкиот огранок на Volkswagen групацијата го доби својот фејслифт.

Офанзивата на Skoda продолжува со освежениот Superb. Нема потреба многу да пишуваме за овој автомобил бидејќи веќе добро го познаваме. Superb е (сосем заслужено) редовна појава на нашите улици, и благодарение на просторот кој го нуди како во внатрешноста, така и во багажникот, автомобилот е одличен избор за оние кои го ценат односот вложено-добиено.

Она што можеме да го забележиме е дека се изменети предните и задни светлосни структури, кои сега се во линија на дизајн филозофијата која ја следат новите модели на Skoda. Во внатрешноста ќе можат да се добијат неколку различни комбинации од материјали и бои, а ќе се нуди и полуксузна кожа со која ќе може да биде обложен ентериерот. Моторите остануваат воглавно исти, но Skoda најавува дека опремен со 1.6-литарскиот TDI, Superb ќе троши само 4.2 литри на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.