Hennessey Ford GT постигна 430 км/ч за само една милја – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hennessey Ford GT постигна 430 км/ч за само една милја

Американската тјунинг компанија Hennessey постигна нов брзински рекорд на оддалеченост од една милја со нивниот модифициран Ford GT.

Во Октомври минатата година специјалниот Ford GT постигна брзински рекорд на Texas Mile со брзина од 423.7 км/ч. Оваа сабота тие се вратија на патеката и успејаа да постигнат максимална брзина од 430.66 км/ч. Тие ја постигнаа оваа брзина со истиот автомобил погонуван од 5.4-литарски тркачки мотор со два турбополначи. Најверојатно за овој подвиг тие користеле 117 октанско тркачко гориво.

Неверојатно, но Ford GT Hennessey е автомобил со дозвола за возење по улиците надвор од тркачките патеки и е опремен со електрични прозорци, аудио систем, воздушни перничиња и клима уред.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.