Времеплов: Историјата на BMW Series 3 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Времеплов: Историјата на BMW Series 3

Од 1975 па до денес, серијата 3 на BMW е најпопуларниот а воедно и најпродаваниот модел на BMW и стои на самиот врв во компактниот премиум сегмент. Иако со секоја генерација се воведуваат големи проблеми, сепак Series 3 го зачува својот препознатлив карактер!

До денес BMW успеа да продаде повеќе од 12 милиони примероци од серијата 3, а и 35 години подоцна овој автомобил е срцето на Баварците. Да се запознаеме одблизу со шестте генерации на Series 3.

Прва генерација: 1975 – 1983 (Е21)

Првата генерација на Series 3 се појави во 1975 година кога Германците сакаа овој модел да се издигне како спортски, модерен и елегантен автомобил. Интересно е што првата генерација била произведувана во само една каросериска изведба, како модел со две врати. Тоа е и првото BMW кое има централна конзола свртена кон возачот, а ова подоцна станува и карактеристика на брендот.

Дизајнот на E21 е типичен за 1970-те години – едноставен, спортски и елегантен. Овој модел, се произведувал во две верзии на предните светла – со две или четири предни светла – а токму ова било обележје за моќноста на моторот кој се крие под поклопецот.

На почетокот првата генерација на серијата 3 била во понуда со 1.6, 1.8 и 2.0 литарските мотори, а подоцна, во 1977 година BMW го претставува и првиот шест-цилиндарски мотор кој бил вградуван во BMW 323 – Овој мотор имал моќност од 143 КС – бројка која и не е за поценување со оглед на фактот во која година бил произведуван.

Е21 – се произведувал се до 1983 до кога BMW успева да продаде повеќе од 1 милион примероци!

Поврзано:  BMW M3 CS на G-Power има 720 коњски сили!

Втора генерација: 1982 – 1994 (Е30)

Успехот што го носи првата генерација на Series 3 го охрабрува BMW во 1982 година да започне со проектирање и на втората генерација на овој популарен модел. Во 1982, BMW ја претставува и втората генерација на популарната 3-ка.

Во втората генерација се гледа голема еволуција на Series 3. Сега тој е помоќен, поекономичен и поатрактивен од својот претходник. Веќе втората генерација доаѓа во неколку каросериски изведби, а токму тоа е и една од карактеристиките на BMW Series 3!

Една година од претставувањето на E30, BMW ја лансира изведбата со четири врати (седан верзијата), потоа во 1985 пристигнуваат и кабриолетската изведба како и спортската верзија која се до денес важи за еден од најдобрите спортски автомобили – BMW M3. Во 1987 година, BMW ја заокружува понудата за серијата 3 со караван изведбата.

Интересно, со втората генерација на BMW Series 3 доаѓа и првиот дизел мотор во неа – 314d, додека M3 верзијата пак имала моќност од 200 кС од 2.3 литарскиот бензински мотор.

Трета генерација: 1990 – 2000 (E36)

E36, односно третата генерација на Серија 3 претставува огромен напредок на BMW и овој модел. Во 1990 година Series 3 пораснува и е значително поголем од своите претходници, а благодарение на  Z-Axle Multilink задната суспензија, E36 нуди одлични возни својства.

Сега спортскиот седан добива уште помодерен, поагресивен и подинамичен дизајн. Прво е претставена верзија со четири врати, а подоцна доаѓаат и купе верзијата како и M3 изведбата. За првпат во историјата на Series 3, M3 изведбата е понудена и во верзијата со четири врати. М3 верзијата сега има моќност од 268 КС, а подоцна и 320 КС изведени од 3.2 литарскиот мотор.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: BMW M4 CS - Малку поцивилизиран CSL!

Четврта генерација: 1998 – 2006 (Е46)

При крајот на стариот милениоум, односно 1998 година се појавува четвртата генерација на Series 3 која на модерен начин го претставува оргиналниот карактер на овој автомобил – модерен компактен седан со спортски линии.

Четвртата генерација на Серијата 3 е вистинска револуција во поглед на технологијата – тука е и BMW EfficientDynamics, покрај големиот избор на мотори.

BMW во четвртата генерација на Серија 3 започнува да употребува полесни материјали на конструкцијата, но тоа не значи и понебезбедни автомобили – напротив, четвртата генерација на популарната 3-ка е најдобра на најстрогите тестови на безбедноста!

Сега M3 верзијата е понудена само во купе и кабриолетската изведба, а со Е46 за последен пат се појави и компакт изведбата.

Петта генерација: од 2005-та година (E90)

30 години од првата генерација на Series 3, BMW ја претстави и петтата генерација со која ја прослави својата годишнина на одличен начин. Series 3 порасна и прерасна во еден луксузен спортски седан во 2005 година – новата петта генерација на 3-ката на BMW понуди прилично различен дизајн од дотогашната практика.

Големо внимание беше посветено на потрошувачката на гориво и емисиите на штетни гасови кај Series 3 со новата High Precision Injection технологијата која е вградена кај сите бензински мотори и кај EfficientDynamics 2.0 литарскиот дизел мотор. Овој потег на BMW ја прави EfficientDynamics верзијата на серија 3 како автомобил со најмала потрошувачка и емисија на штетни гасови во својата класа.

Со E90, доаѓа и третата генерација на CommonRail дизел моторите со директно вбризгување. Со новата 3-ка пристигна и технологијата за регенерација на силата на кочењето. По пауза од една генерација, M3 изведбата доаѓа и кај седан верзијата – сега M3 има и V8 мотор за прв пат во историјата!

Поврзано:  BMW го претстави концептот Skytop

Шестта генерација: претставена 2012

Најновата, шестта генерација на популарната серија 3 донесе еден нов, елегантен, спортски и модерен автомобил кој и тоа како има што да понуди и со што да се пофали!

Иако нуди тотално модерен и агресивен дизајн, новата 3-ка во никој случај не заборавила од каде потекнува! Веќе многу знаеме за новата генерација на Серија 3, но сеуште останува непозната најинтересната изведба – M3 која со нетрпение сите ја очекуваме.

Низ целата своја историја, Series 3 ја менува својата големина и дизајн, но во ниеден момент не се одалечува од своите корени. Се разбира, кога зборуваме за Серија 3, зборуваме за автомобил со заден погон кој изгледа навистина модерно и спортски, а внатре е луксузен!



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.