Corvette Stingray Convertible претставена во Женева! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Corvette Stingray Convertible претставена во Женева!

Сосема беше извесно дека новата Corvette ќе добие и свое кабриолет издание, но не очекувавме тоа да се случи во Женева, бидејќи Европа не е традиционален пазар за овој Американски автомобил.

Convertible изведбата на Corvette Stingray го носи истиот мотор кој го знаеме од купето. Тоа значи дека под поклопецот се крие замашен мотор со зафатнина од 6.2 литри кој испорачува 450 коњски сили и 610 Nm вртежен момент. Моќта оди кон задните тркала преку 6-степен мануелен или автоматски менувач.

Купувачите ќе можат да одберат и Track Pack кој доаѓа со диференцијал со ограничено пролизгување, ладење за кочниците, диференцијалот и преносот, но и аеро пакет кој ја зголемува стабилноста на повисоки брзини. Интересно е што според инженерите на Chevrolet, Corvette од самиот почеток бил дизајниран да биде автомобил без покрив, па не се потребни дополнителни структурни зајакнувања. Единствените измени се оние кои се потребни за монтирање на механизамот за кровот, како и изменетите точки на фиксирање за безбедносните ремени.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.