Хибридната Corvette E-Ray е најбрзата Corvette досега – катапултира до 60 милји на час за 2.5 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридната Corvette E-Ray е најбрзата Corvette досега – катапултира до 60 милји на час за 2.5 секунди!

За 70-тиот роденден на Corvette, Chevrolet на светот му ја подарува најбрзата изведба досега!

Chevrolet Corvette E-Ray е првата електрифицирана изведба на легендарниот американски спортски автомобил. Хибридната Corvette (или Корвета, по „нашки“) комбинира 6.2-литарски V8 со електромотор за да испорача вкупно 665 коњски сили. Од Chevrolet гордо кажуваат дека Corvette E-Ray забрзува до 100 километри на час за 2.5 секунди и дека четвртина милја се поминува за 10.5 секунди при брзина од 209 километри на час.

Но што е всушност ново? Па, многу работи! На предната оска е поставен електромотор кој испорачува 120 kW, односно 160 коњски сили и 165 Nm вртежен момент. Енергијата ја добива од мала батерија со капацитет од 1.9 kWh. Во Stealth режимот хибридната Corvette може да се движи на електрична енергија со брзина до 72 километри на час. Да, ова е првата Corvette која може да биде и со погон на предните тркала. Од Chevrolet кажуваат дека ваквиот режим е наменет за тивко излегување од резиденцијални населби.

Corvette E-Ray добива Magnetic Ride Control 4.0 суспензија, како и Brembo карбон-керамички сопирачки. Тркалата се обвиени во Michelin Pilot Sport целосезонски пневматици, а купувачите ќе можат да нарачаат Michelin Pilot Sport 4S летни пневматици. Вреди да се напомене дека Corvette E-Ray ја добива пошироката каросерија која веќе дебитираше кај Corvette Z06, а ќе бидат достапни дури 14 различни бои за екстериерот.

Продажбата ќе започне во текот на оваа година, поточно во втората половина од годинава. Според официјалните податоци, цените (во САД, секако) ќе започнуваат од 104.000 долари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.