Mercedes-AMG SL 63 Motorsport Collectors Edition е специјална изведба инспирирана од Формула 1 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG SL 63 Motorsport Collectors Edition е специјална изведба инспирирана од Формула 1

Иако минатата сезона не беше најдобрата за Mercedes-Benz, сепак германскиот бренд подготви специјална изведба од роудстерот SL.

Роудстерот SL има посебно место во понудата на Mercedes-AMG. Легендарниот SL низ годините се наметна како еден од доминантните луксузни спортски автомобили, а најновата генерација е дизајнирана од македонецот Славче Таневски.

Mercedes-AMG SL 63 Motorsport Collectors Edition е базиран на врвниот модел во понудата, но добива дополнителни визуелни модификации кои асоцираат на Ф1 болидот на Mercedes-Benz од 2021. Бојата е градиент од сребрена до темно црна во комбинација со специфичните детали и бои на Petronas кои даваат интересен контрастен ефект.

Дополнително, Mercedes-AMG SL 63 Motorsport Collectors Edition добива AMG аеро пакето со поголеми крилца на предниот и задниот дел, како и поголем дифузер за подобар проток на воздухот под автомобилот. Забележуваме и еден куп црни детали благодарение на AMG Night Package и AMG Night Package II пакетите.

Специјалната серија е поставена на големи 21-инчни тркала со 10 краци, а добива и црн платнен кров. Во кабината ќе добиете AMG Performance седишта во црна кожа со црвени или жолти шевови. Mercedes-AMG ќе направи само 100 примероци, а сите ќе го носат моќниот 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 585 коњски сили и 800 Nm вртежен момент, доволни за лансирање до 100 километри на час за 3.6 секунди и максимална брзина од одлични 315 километри на час.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.