CARclub ве поканува да учествувате во CARclub Grand Prix! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

CARclub ве поканува да учествувате во CARclub Grand Prix!

Заедно со ART Картинг Центарот ве покануваме да учествувате во овогодинешниот аметерски картинг куп, кој решивме да го именуваме CARclub Grand Prix!

Со желба да го потикнеме тркачкиот дух и да направиме нешто несекојдневно, во соработка со ART Картинг Центарот годинава организираме аматерски картинг куп. Ќе се одржат до 8 трки, по една трка месечно од кои ќе се изберат победници кои ќе учествуваат во финалето и ќе се борат за награди и признанија. Секако, ќе има и официјална ранг-листа која ќе биде јавно објавена и надополнувана по крајот на секоја трка.

Единствени услови се да бидете член на нашиот форум, но и да ги исполнувате барањата од Картинг Центарот за управување со картинг возило. За секоја трка ќе се плаќа котизација од 600 денари, а секоја трка ќе трае 12 кругови, од кои два круга ќе бидат квалификациски. Најдобрите ќе се квалификуваат за финале, каде што ќе се одбира најдобриот возач!

Ако сте веќе член на нашиот форум, можете да се пријавите веднаш, а ако не сте – регистрирајте се денес и пријавете се за CARclub Grand Prix!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.