Brabus 800 Roadster – Mercedes-Benz SL65 AMG кабриолет со 800 кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus 800 Roadster – Mercedes-Benz SL65 AMG кабриолет со 800 кс

Најпрочуениот тјунер на Mercedes-Benz, Brabus, ќе настапи на автомобилскиот саем во Женева со моделот 800 Roadster, базиран на Mercedes-Benz SL65 AMG.

Стандардната верзија која ја нуди автомобилскиот производител од Штудгарт ја погонува 6.0-литарски V12 битурбо агрегат со 630 кс и 1,000 Nm максимален вртежен момент. Brabus успеал да ги надмине овие бројки и да извлече 800 кс и импресивни 1,420 Nm вртежен момент, ограничени на 1,100 Nm. Додека стандардната верзија забрзува од 0-100 км/ч за 4 секунди, оваа засилена верзија го прави тоа за 3.7 секунди, на патот кон нејзината електронски ограничена максимална брзина од 350км/ч, за разлика од стандардниот модел кој е ограничен на “само” 250 км/ч.

Покрај зголемувањето на силата, за нејзино поефикасно пренесување врз подлогата Brabus нуди аеродинамичен боди кит развиен во воздушен тунел. Сите делови се направени од јаглеродни влакна и можат да се добијат во мат или сјајна боја на каросеријата. Тука се и 20-инчни алуминиумски фелни обвиени во пневматици со високи перформанси во профил 255/30 ZR20 напред и 305/25 ZR20 назад. Висината на возење може да се намали за 25mm благодарение на специјалниот модул за суспензијата. Во понудата спаѓаат и диференцијал со ограничено пролизгување и целосно нов ентериер со брзинометар гравиран до 360 км/ч.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.