Малиот Citroen C3 го доби своето „средновечно“ освежување. Благодарение на затегнатите линии и новите мотори, Citroen C3 треба да освои нови купувачи!
Она со што освежениот C3 може да се пофали е новото Zenith ветробранско стакло кое овозможува прегледност најдобро во класата, изменети предни и задни светлосни структури, но и нови мотори кои можат да се пофалат со зголемена моќност и ефикасност и намалена емисија на штетни гасови. Бензинските мотори кои ја носат ознатака PureTech се за 15% помоќни, но некои од нив имаат екстремно ниска емисија на штетни гасови од само 87 грама CO2 на изминат километар. Секако, ова е проследено со намалена потрошувачка и до 25%.
Во внатрешноста е направена ревизија на некои од материјалите и во опременоста. За прв пат C3 ќе може да се нарача со паркинг камера за полесно маневрирање.