McLaren P1 ќе располага со 916кс – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren P1 ќе располага со 916кс

Само неколку недели нè делат од официјалното претставување на McLaren P1 на автомобилскиот саем во Женева.

Најновите информации за наследникот на Mclaren F1 ни ќажуваат дека средно монтираниот бензински 3.8-литарски твин-турбо V8 агрегат во McLaren P1 произведува 737 кс при 7,500 вртежи и 720 Nm вртежен момент при 4,000 вртежи во минута. Силата се испорачува кон задните тркала преку седум-степен автоматски менувач со двојна спојка. Агрегатот е потпомогнат од електричен мотор кој овозможува дополнителни 179 кс и 260 Nm во секое време.

Возачот може да го активира електричниот мотор преку копче поставено на самиот волан. Според McLaren, ова ќе му даде на автомобилот ист одзив на педалот за гас како кај нормално аспириран агрегат. На воланот има и друго копче кое служи за DRS (Drag Reduction System) системот, односно за управување со аголот на задниот спојлер, што резултира со 23 % помал воздушен отпор во задниот дел при високи брзини, а со тоа и повисока крајна брзина.

Покрај DRS системот, Mclaren P1 ќе нуди и IPAS (Instant Power Assist System) кој слично како кај F1 возилата, ќе  може да испорача повеќе сила во краткотрајни периоди. Благодарение на овој систем, P1 може да испорача 179 коњски сили дополнителна моќност во било кој момент.

Батеријата тешка 96 килограми ќе биде сместена во долниот дел од карбонската шасија, а за нејзино полнење се потребни само два часа. Таа ќе му овозможи на McLaren P1 да помине до 10 километри само на електрична енергија. Ова го прави P1 еден од најчистите супер-автомобили, со емисија на штетни гасови пониски од 200 грама CO2 на изминат километар.

Поврзано:   McLaren го претстави отворениот Artura Spider


Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.