Запознајте го Mclaren P1 – наследникот на легендарниот McLaren F1! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Запознајте го Mclaren P1 – наследникот на легендарниот McLaren F1!

McLaren тукушто ги претстави првите фотографии од моделот P1, автомобилот кој всушност е наследник на легендарниот McLaren F1!

Сеуште немаме никакви информации за тоа какво мотор го придвижува новиот P1, но од McLaren изјавуваат дека автомобилот ја влече својата технолошка и духовна инспирација од тркачката дивизија на компанијата, и дека има една единствена цел – да биде најдобриот автомобил во светот, како на улиците, така и на тркачките патеки.

На Парискиот автомобилски саем ќе биде претставен автомобилот во форма на дизајнерска студија. Следната година ќе го видиме и финалниот, сериски модел, кој по својата премиера ќе се појави на пазарот за 12 месеци. Тоа значи дека P1 ќе го очекуваме во продажба во 2014 година.

Од McLaren најавуваат дека кога P1 ќе се појави на пазарот, ќе биде над MP4-12C, како во перформансите, така и во цената.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.