Toyota Auris Touring Sports се подготвува за деби во Женева – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Toyota Auris Touring Sports се подготвува за деби во Женева

Караванската изведба на новата генерација на популарниот хечбек на Toyota се подготвува за своето официјално деби на овогодинешниот саем на автомобили во Женева.

Караванот ќе го има истото меѓуоскино растојание од 2600 милиметри како и хечбекот, но ќе биде 285 милиметри подолг. Багажниот простор ќе измесува 530 литри со исправени задни седишта, до доколку тие се во легната положба багажниот простор расте на импресивни 1658 литри.

Моторите кои ќе се нудат ќе бидат истите оние кои се нудат и кај хечбекот – 1.33 и 1.6 литарските бензинци и 1.4-литарскиот D4-D дизелски агрегат. Секако, и хибридната верзија ќе се најде во понудата, исто како и кај хечбекот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.