Инголштадскиот производител откри како изгледа Gymkhana низ објект во изградба и каллива површина со Германски автомобил со погон на сите тркала – новиот A1 Quattro и дабстеп музика.
Промотивното видео е направено за нивниот нов објект, кој ќе претставува најголемо застапништво за половни Audi возила во Германија. Иако сме навикнати во ваквите видеа зад воланот да го гледаме Кен Блок, тука главната задача ја има двократниот DTM шампион Тимо Шајдер во еден од 333-те примероци од малиот A1 Quattro. Би сакале да напоменеме дека овој автомобил е сериски и се разликува многу од специјалната рели Fiesta на Блок, а сепак покажа одлични способности за Gymkhana атракции.
Погледнете го возбудливото видео и уживајте!