WRC: Себастијан Ожие води пред финалниот ден – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

WRC: Себастијан Ожие води пред финалниот ден

Себастијан Ожие го задржа водството пред Себастијан Лоеб во предпоследниот ден од Рели Шведска.

Лоеб покажа агресивно возење и успеа да “скине” неколку секунди од водството на Volkswagen-овиот возач. Но на 13-тата етапа Ожие и Лоеб поставија еднакви времиња, а потоа ги одмеруваа силите на наредните две стази. Лоеб беше побрз на 16-тата етапа за 1.1 секунда со што ја намали разликата на 26.9 секунди на шест стази до крајот.

Француското дуо ги остави другите позади. Јари-Мати Латвала имаше потешкотии со неговиот Volkswagen и го изгуби третото место од најдобриот од возачите на Qatar M-Sport Ford, Мадс Остберг. Остберг е 6.1 секунда пред Латвала, но дури пола минута зад Лоеб.

Евгени Новиков се опушти на петтата позиција. Неговиот тимски колега Јухо Ханинен се оддалечуваше од Тери Невил се додека не се излизга во снежна препрека и ја загуби шестата позиција. Дани Сордо успеа да надомести дел од времето и му се приближи на девето пласираниот Мартин Прокоп, но сепак ќе го започне последниот ден со 35.6 секунди заостанување.

Водечки позиции по 16-тата етапа:

Поз. Возач              Тим/Автомобил       Време/Разлика
 1.  Себастијан Ожие     VW                  2h18m22.8s
 2.  Себастијан Лоеб     Citroen                + 26.9s
 3.  Мадс Остберг        Qatar M-Sport Ford     + 57.7s
 4.  Јари-Мати Латвала   VW                   + 1m03.8s
 5.  Евгени Новиков      Qatar M-Sport Ford   + 1m43.5s
 6.  Тери Невил          Qatar M-Sport Ford   + 3m16.2s
 7.  Јухо Ханинен        Qatar M-Sport Ford   + 4m10.5s
 8.  Хениг Солберг       M-Sport Ford         + 5m16.7s
 9.  Мартин Прокоп       Czech Ford           + 7m56.1s
10.  Дани Сордо          Citroen              + 8m31.9s



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.