Turbo Chevrolet Camaro претставен во Чикаго – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Turbo Chevrolet Camaro претставен во Чикаго

Chevrolet го претстави 2013 Turbo Camaro Coupe во Чикаго, за да го промовира новиот анимиран филм на DreamWorks наречен “Turbo”, кој ќе започне со прикажување во кино салите на 19-ти Јули.

Промотивното возило е базирано на Camaro ZL1 и се одликува со специјален преден сплитер, како и огромен заден спојлер. На него може да се забележи и COPO поклопецот на моторот, под кој се наоѓа V8 агрегат со компресор што произведува над 700 кс, поврзан со автоматски менувач.

Автомобилот е опремен со 24-инчни тркала и четири издувни цевки со дијаметар од пет инчи. Целата каросерија е покриена со сива мат и црна хром фолија, а предните и задните светла се изработени во LED технологија.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.