Водечкиот Чешки производител на автомобили од своите производни погони го извади возилото со реден број 15 милиони, од нејзиниот почеток со работа во 1905.
Јубилејното возило е Skoda Octavia од третата генерација, а произведена е во главната фабрика во Млада Болеслава. Потпаролот на компанијата Јозеф Балаж изјави дека баш минатата година Skoda го произвела 14-милионитиот автомобил, додека третина од сите возила, околу пет милиони, се симната од производните ленти во последните шест години.
Skoda произведува сообраќајни возила веќе 118 години, а автомобили од 1905 година. Тоа е една од најстарите фабрики за автомобили на светот, истакна претседателот на управниот одбор на Skoda, Винфрид Валанд. Минатата година, компанијата која е во состав на групацијата Volkswagen, продала 939.200 возила, што е највеќе досега.
До 2018-та се планира зголемување на продажбата на 1,5 милиони возила годишно. За таа цел оваа година на пазарот ќе бидат извадени осум нови и модернизирани модели. Компанијата ги прошири капацитетите за производство на најпродаваниот модел Octavia од 800 на 1200 возила дневно, а ги проширува и своите капацитети во Кина, Русија и Индија.