Јапонскиот гигант со скица ја најавува кабрио верзијата на успешното купе, која би требало да биде промовирана во Женева!
Уште од самото лансирање на GT86 се шпекулира и се најавува кабрио верзија на овој автомобил. Изгледа дека на саемот во Женева Toyota ќе ги оствари соништата на многу вљубеници во GT86 кои сакаат забавата да ја доживуваат под отворено небо.
Концептот сега за сега се нарекува FT-86 Open Concept и има цел да ја провери реакцијата на купувачите за еден ваков модел. Доколку повратните информации се позитивни Toyota ќе го пушти и овој автомобил во сериско производство, и тоа во наредната година.