SSangYong го најавува новиот Rodius! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SSangYong го најавува новиот Rodius!

Rodius никогаш не беше прифатен од купувачите, највеќе заради поларизирачкиот дизајн. Од SSangYong најавуваат дека новиот Rodius ќе биде драстично изменет.

Иако сеуште нема официјални детали за тоа кога ќе почне продажбата, ниту пат некакви детали за моторизацијата, најавено е дека уште годинава ќе излезе на пазарот. Тоа значи дека најверојатно ќе го доживее своето деби на автомобилскиот саем во Женева. Нашироко се шпекулира дека ќе се нуди со два мотори – еден бензински со зафатнина до 3.2 литри, како и дизел со зафатнина од 2 литри и моќност од околу 155 коњски сили.

Новиот Rodius се развиваше две години, и ја следи Robust, Premium, Specialty насоката на производителот. Скиците ветуваат драстично подобрување на дизајнот, нам само ни останува да чекаме.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.