Ford Focus ST доби мофикации од Shelby! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford Focus ST доби мофикации од Shelby!

Најновиот член на Shelby семејството е новиот Focus ST. Shelby пакетот за Focus ST ќе чини 15.000 долари, но за жал ќе нема никакви модификации на моторот.

Новиот hot-hatch на Ford ќе остане на своите „скромни“ 250 КС, а ќе добие неколку естетски модификации.

Прво, Focus ST е опремен со нова суспензија со која е тој е понизок, а добива и нов сет поголеми алуминиумски фелни како – за да се потенцира спортскиот карактер. Исто така, иако нема поголеми перформанси, Shelby пакетот носи и нови, посилни сопирачки за Focus ST, а и нов издувен систем.

Од надворешната страна, освен новите и поголеми црни алуминиумски фелни, Shelby го опреми новиот Focus ST со нов поклопец на моторот кој има поголеми отвори за воздух, како и „hydro-carbon“ елемнти на предниот и задниот дел на автомобилот.  Тука е и новиот поголем заден спојлер, а исто така купувачите ќе имаат можност да изберат како сакаат да им изгледа автомобилот меѓу различните комбинации на бои и графики кои ги нуди Shelby.

Shelby Focus ST ќе чини околу 38.700 долари и ќе биде ограничен на само 500 примероци годишно.



Во своите најлуди соништа Димитар вози Ford Fiesta ST, а во реалноста ја обожава својата "нормална" Fiesta. Среќен што е дел од CARclub.