2013 Nissan GT-R го заврте Нирбуринг за 7 минути и 18.6 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

2013 Nissan GT-R го заврте Нирбуринг за 7 минути и 18.6 секунди!

Обновениот Nissan GT-R пристигна на територијата на Европа и веќе e достапен за нарачка.

Новиот GT-R нуди подобри забрзувања, поголема стабилност и уште поостро управување. Неговиот 3.8-литарски V6 твин-турбо агрегат произведува 550 кс и нуди подобар одзив на гаста при средни и повисоки вртежи. Дополнително на ова, направени се подобрувања на пружините, амортизерите и стабилизаторите.

Благодарение на овие надоградби, најновиот GT-R е способен да забрза од 0-100 км/ч за 2.7 секунди, што е за 0.1 секунда побрзо од претходникот. Тој успеа да заврти еден круг околу патеката Нирбуринг за време од 7 минути и 19.1 секунди, но креаторот на автомобилот Казуши Мизуно вели дека половина секунда е изгубена поради тоа што им пречеле други автомобили. Ова значи дека 2013 GT-R за еден круг ќе постигне време од 7 минути и 18.6 секунди, што го прави 3 секунди побрз од моделот од 2012 кој го прави истото за 7 минути и 21 секунда.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.