За овогодинешната модна недела во Милано, Citroen ја претстави L’Uomo Vogue изведбата на својот DS3 Cabrio – стилизирана од италијанскиот Vogue магазин посветен на модата.
Направен е едниот и единствен примерок од оваа специјална едиција, кој наскоро ќе оди на аукција, а парите од продажбата ќе одат во добротворни цели, односно во корист на Women Create Life проектот. Автомобилот ги следи најновите модни трендови за мажи. Автомобилот е офарбан во мат сива боја, а кровот носи специјален и уникатен дизајн на материјалите. Истата приказна се проткајува и во внатрешноста каде само најквалитетни материјали се користени за обложување на сите површини.