Евгени Новиков беше најбрз, а Себастијан Лоеб продолжи со водството пред Себастијан Ожие во вториот ден од Рели Монте Карло.
Разликата помеѓу Citroen-от на Лоеб и Volkswagen-от на Ожие беше многу мала. Ожие беше побрз на петтата етапа, имаше извртување на шестата, а потоа се израмни со Лоеб на седмата. Разликата помеѓу двајцата пилоти остана речиси иста, со време од 1m19.9s, откако Лоеб постави огромно водство во првиот ден.
Ова утро најбрз од сите беше возачот на Qatar M-Sport Ford, Евгени Новиков. Тој заостануваше само секунда позади Ожие на првата етапа, а потоа победи на следните две стази. Ова го доведе Новиков пред Јари-Мати Латвала и Мико Хирвонен, и позади Дани Сордо во генералниот пласман.
Сите возачи на Ford остварија одлични времиња во тешките услови. Јухо Ханинен го предизвика Латвала за шестата позиција, додека Мадс Остберг го надоместува времето од казната за задоцнување во сервисот поради проблеми со електриката во Среда навечер.
Водечки позиции од вториот ден:
Поз. Возач Тим/Автомобил Време/Разлика 1. Себастијан Лоеб Citroen 2h29m49.4s 2. Себастијан Ожие VW + 1m17.9s 3. Дани Сордо Citroen + 2m18.0s 4. Евгени Новиков Qatar M-Sport Ford + 2m25.6s 5. Мико Хирвонен Citroen + 2m29.7s 6. Јари-Мати Латвала VW + 2m54.8s 7. Јухо Ханинен Qatar M-Sport Ford + 3m20.5s 8. Брајан Буфие PH Citroen + 4m17.0s 9. Мадс Остберг Qatar M-Sport Ford + 4m35.4s 10. Мартин Прокоп Czech Ford + 10m04.2s