Honda изненади со Gear концептот во Монтреал – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Honda изненади со Gear концептот во Монтреал

Бидејќи автомобилскиот саем во Монтреал се одржува во исто време како и оној во Детроит, никој не очекуваше светска премиера, но Honda изненади со прикажување на нов концепт.

Автомобилот е наречен Gear и претставува свежа студија за мал градски автомобил од класата на Ford Fiesta, на кого главна целна група ќе му бидат младите родени по 80-тите години. Концептот е инспириран од велосипедите со само една брзина и е  едноставен и практичен, но исто така и полн со карактер.

Неговиот дизајн е воглавно модерен и главна цел е функционалноста, но предниот дел е направен во ретро стил и црпи инспирација од првата генерација на Honda Civic. Гледан однапред, концептот изгледа доста симпатично бидејќи потсетува и на модерна интерпретација на многу популарниот автомобил на Балканот, Крагуевското Југо.

Honda не објави информации за погонските единици на автомобилот, ниту дали планира да претстави сериски модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.